Ако Украина ја гаѓа Русија со ракети од САД, ќе сметаме дека е напад од Америка реагираше Кремљ

Од:

Кремљ соопшти дека одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија ќе ги ескалира тензиите и ќе ги вовлече САД подлабоко во конфликтот.

На редовниот дневен брифинг, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема промена во ставот во однос на она што Владимир Путин го изјави во септември. Рускиот претседател тогаш рече дека нападите со американско оружје на руска територија ќе ги смета за директно учество на НАТО во конфликтот.

Одговарајќи на прашање на агенцијата Тасс, Песков изјави дека Русија е запознаена со наводната одлука на администрацијата на Џо Бајден само врз основа на известувањето на западните медиуми.

„Доколку проектилите испорачани од САД бидат истрелани длабоко во Русија, Москва ќе го смета нападот не за украински, туку американски“, рече тој.

„Очигледно е дека администрацијата на Бајден во заминување има намера да преземе чекори за да долее масло на огнот и дополнително да ги ескалира тензиите во овој конфликт“, заклучи Песков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната