Акција на француската полиција во Стразбур

Од:

Француската полиција попладнево спроведува голема акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на извршителот на завчерашниот терористички напад во Стразбур, Шериф Шекат.

Во операцијата се ангажирани припадници на специјалните сили на полицијата, а на улиците се видливи голем број полициски возила, кои го блокираат сообраќајот.

Вооружени полицајци со автоматско оружје вршат претреси по куќите.

Според полициски извори, операцијата се спроведува како дел од истрагата.

Во меѓу време, извршени е и претрес на домот на една од сестрите на осомничениот во Париз. Според информациите, во домот влегле десетина полицајци.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск