Акар: Ерменија да ја заврши окупацијата на Азербејџан

Од:

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, побара од Ерменија да ја заврши „окупацијата“ на дел од територијата на Азербејџан и да ги повлече своите „платеници и терористи“ од Нагорно Карабах.

-Ерменија мора веднаш да ги прекине своите напади и да ги повлече своите платеници и терористи од Нагорно Карабах и територијата на Азербејџан, рече Акар, додавајќи дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот и мир.

Турција уште вчера недвосмислено соопшти дека му дава поддршка на Азербејџан.

Судирите во Нагорно-Карабах избувнаа вчераутро и траат веќе два дена, а според најновите информации, досега има 21 загинато лице и неколку стотици повредени.

Ереван ја обвини Анкара дека и турската армија учествувала во судирите, но Баку тоа го демантира.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“