САД стојат зад заговорот со кој пред еден месец египетската армија го смени од власта претседателот на Египет, Мохамед Морси, изјави лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахири.
– Крстоносците, секуларистите и американизираната армија (на Египет)… со помош на парите од земјите од Персискиот Залив и заговорот на Американците, успеаја да го соборат Мохамед Морси, ијави Египќанецот Ал Завахири во видео запис објавен денеска на неколку исламистички интернет страници.
Ал Завахири застана на чело на Ал Каеда по ликвидацијата на дотогашниот лидер на оваа терористичка мрежа, Осама бин Ладен од страна американски командоси во мај 2011 година во Пакистан.