Ајкули нападнале три лица на Флорида за еден ден

Од:

За помалку од 24 часа два напади на ајкула се случија на плажите во округот Волтон во американската сојузна држава Флорида, при што беа повредени три лица, меѓу кои две малолетни. Неколку популарни одморалишта во областа се затворени, а на плажите се веат црвени знамиња за да ги предупредат капачите за опасноста.

Околу 13.20 часот по локално време во петокот, ајкула касна 45-годишна жена на плажата Вотерсаунд во источниот дел на државата. Итната помош известила дека жената со хеликоптер била пренесена во болница со „сериозни повреди“ на торзото, а лекарите морале да и ампутираат дел од левата рака, пренесува The Guardian.

Вториот напад се случил околу 90 минути подоцна на плажата Инлет, која е на околу 6 и пол километри од Вотерсаунд. Ајкула каснала 15-годишно и 17-годишно девојче кои со пријателите пливале во релативно плитка вода која била блиску до нивните кучиња.

Плажите во округот Волтон беа затворени во петокот попладне поради инцидентите.

„На плажите во околината се поставени двојни црвени знамиња. Заливот е затворен за јавноста“, изјави локалниот шериф Мајкл Адкинсон.

Тој додаде дека нападите на ајкули во таа област се ретки, а последниот се случил во 2021 година.

Иако ајкулите всушност не ги напаѓаат луѓето многу често, кога ќе се случат такви ситуации, тие добиваат несразмерно медиумско внимание. Во 2023 година, според музејот на Флорида, имало помалку од 70 неиспровоцирани напади од овие животни врз луѓе.

Би можело да ве интересира

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката