Aјатолахoт Хамнеи порача: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Од:

Иранската новинска агенција Тасним објави соопштение на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи.

„Крвавата рака на ционистичкиот режим денес изврши злосторство во нашата сакана земја, уште еднаш откривајќи ја својата злобна природа со таргетирање на станбени области. Овој режим мора да чека строга казна. Ако даде Бог, моќната рака на вооружените сили на Исламската Република нема да дозволи да остане неказнето. Во непријателските напади, команданти и научници беа убиени. Нивните наследници и колеги веднаш ќе ги продолжат своите должности, ако даде Бог. Со ова злосторство, ционистичкиот режим си донесе горчлива и болна судбина и сигурно ќе се соочи со неа“, рече ајатолахот.

Иран планира да „одговори силно“ на израелскиот напад започнат рано во петокот против нуклеарната програма на Иран, потврди за Ројтерс ирански безбедносен извор.

„Одговорот на израелскиот напад ќе биде остар и одлучувачки“, рече изворот.

Тој додаде дека деталите за одмаздата на Иран „се дискутираат на највисоко ниво“, одговарајќи на прашањето дали контранападот би бил неизбежен.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената