Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика Иранците да не се грижат за земјата додека продолжува потрагата по хеликоптерот со претседателот Ебрахим Раиси, кој се урна во северозападниот дел на Иран.
„Иранскиот народ не треба да биде загрижен, нема да има превирања“ во земјата, рече тој.
Тој изрази надеж дека „Бог ќе ги врати претседателот и неговите колеги во рацете на нацијата“.
Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на Иран се урна во неделата додека леташе над планинска област во густа магла на враќање од границата со Азербејџан, изјави ирански официјален претставник за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.
Ирански официјален претставник изјави дека животите на Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан „се загрозени по падот на хеликоптерот“.