АИ: Во Украина се користени касетни бомби

Од:

Во конфликтот во Украина е употребувано нелегално оружје, како касетни бомби, се наведува во денеска објавениот извештај на Амнести интернешнл за состојбата на човековите права.

Организацијата упати критика до двете страни во конфликтот поради големиот број цивилни жртви, што е последица на неконтролираните напади со минофрлачи и ракети во станбените области.

Од почетокот на борбите меѓу проруските сепаратисти и владините сили во април минатата година во земјата загинале околу 5.800 лица. Во источна Украина и на двете страни во конфликтот не се преземени соодветни безбедносни мерки за заштита на цивилите, со што се нарушуваат правилата на водење војна, се вели во документот.

АИ нагласува дека се регистрирани киднапирања, измачувања и масовни убиства, извршувани од единиците на доброволци, кои се борат на страна на владините сили, како и од групации, кои се борат за сепаратистите.

– При доставувањето на оружје за Украина постои опасност од нови нарушувања на човековите права, предупреди генералниот секретар на АИ, Салил Шети.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски