АИ: Стотици луѓе умреле во нигериските затвори од почетокот на годинава

Од:

Стотици луѓе умреле во затворските центри во североисточниот дел на Нигерија, додека војската на земјата прави напори за растурање на исламистичките бунтовници, соопшти организацијата Амнести интернешнал.

Некои затвореници го загубиле животот поради задушување во пренатрупаните ќелии, додека други поради глад или незаконски се убиени од затворските власти, се наведува во извештајот на организацијата за човекови права.

Засега нема официјален одговор на извештајот, но нигериската армија ги отфрли сите претходни обвиненија за кршење на човековите права, пренесува Би-Би-Си.

Висок воен службеник ја информирал организацијата Амнести интернешнал дека најмалку 950 луѓе починале во воените затвори во првата половина на годинава, најголемиот дел од кои биле обвинети за поврзаност со исламистичката група Боко Харам.

 

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи