АИ: Европските лидери под итно треба да отворат безбедносни коридори за имигрантите

Од:

Амнести Интернешенел (АИ) ги повика европските лидери по итна постапка да ги отворат законските и безбедносни коридори за имигрантите, јави агенцијата Фена.

По вчерашната несреќа во Средоземно Морем кога се преврте брод со повеќе од 600 имигранти, Амнести Интернешенел предупредува дека е неопходно итно обезбедување коридори за имигрантите за да се спречат сличните трагедии.

Заменик шефот на Амнести Интернешенел за Европа и централна Азија, Денис Кривошеев, изјави дека на патот кон подобар живот во Европа секоја недела тргнуваат илјадници африкански имигранти, но заради се поголемите трагедии Средоземното Море станува нивната гробница, а имигрантските несреќи секојдневна појава.

Истакнувајќи ја неопходноста од итна реакција на европските лидери Амнести Интернешенел ја повикува Европската унија да овозможи олеснувања при доаѓање на имигрантите, први нивниот влез во земјите, при процедурите на добивање виза и спојување на нивните семејства.

-Според сегашните услови на теренот, единствен начин имигрантите да дојдат во Европа е движење по неизвесни и, пред се, опасни патувања. Потребно е на овие луѓе да им се овозможи да патуваат на многу поцивилизиран начин, порача Кривошеев.

Имигрантскиот статус е едно од жешките прашања на денешнината во Европа. Само годинава во Европа преку Средоземно Море и во небезбедни пловила се дојдени 188.000 имигранти, а на тој пат животот го загубиле повеќе од 2.000.

Според последниот извештај на Евробарометар, 38 отсто од граѓаните на земјите од Европската унија сметаат дека имигрантите во моментов се најголемиот проблем во Европа, потсети Фена.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Русија ги затвора сите канцеларии на Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч

Ана Ололовска

Амнести интернешнал: Светските сили овозможија плодно тло за судири во 2021 година

Ана Ололовска

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021 година“

Ана Ололовска