АИ: Египет назадуваше во сеопшта репресија

Од:

Египет две години откако војската го собори од власт претседателот Мохамед Морси назадуваше кон „сеопшта репресија“ со затворање на активистите, кои не се согласуваат со властите, предупреди денеска организацијата Амнести интернешнл.

АИ наведува дека египетските власти, на чело со претседателот Абдел Фатах ал Сиси се обидуваат да задушат се што во иднина би можело да претставува закана за нивното владеење.

– Масовните протести се заменети со масовни апсења, се вели во соопштението, објавено во врска со двегодишнината од соборувањето од власт на исламистот Морси и одржувањето на првите слободни избори за претседател.

– Млади активисти денес се зад решетките и укажуваат дека Египет назадувал во состојба на сеопшта репресија, изјави претставникот на АИ, Хашиб Хад Сахраои.

Тој истакна дека во владината акција се уапсени повеќе од 41 илјада лица, обвинети за кривично дело и осудени по нефер судење.

АИ нагласи дека во новиот бран апсења кон средината на годината се затворени најмалку 160 лица.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет