Поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Марти Ахтисари (83) заздравува по тринеделната борба со болеста Ковид-19, соопштено е денеска од кабинетот на финскиот претседател.
„Претседателот Марти Ахтисари и неговата сопруга Ива Ахтисари на последните тестирања беа негативни на коронавирусот и продолжуваат за заздравуваат од болеста“,се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Според последните податоци, во Финска се потврдени 3.064 случаи на заразени од коронавирус и 59 умрени.