Полицијата на аеродромот во пакистанскиот град Карачи уапси агент на американското Федерално истражно биро (ФБИ), затоа што носел 15 куршуми и три мали ножа.
Агентот Џоел Кокс е ослободен од притвор откако била платена кауција од милиони пакистански рупии (9.800 американски долари). Тој не смее да го напушти Пакистан, а полицијата има рок до 19 мај да покрене официјално обвинение против него.
Кокс допатувал во Пакистан на 1 мај, а бил уапсен кога се подготвувал да отпатува од земјата.
Причините за неговиот престој во Пакистан не се соопштени.
Во посета на оваа јужноазиска држава вчера престојуваше американскиот потсекретар Вилијам Барнс.