Африканските земји добија 400 милиони дози вакцини од Институтот „Серум“ од Индија

Од:

Земјите од Африканската Унија (АУ) добија дополнителни 400 милиони дози вакцини против Ковид-19, соопшти африканскиот центар за контрола на болести.

Земјите на африканскиот континент, кои се меѓу најсиромашните на светот, ги набавија дополнителните дози преку Институтот „Серум“ од Индија. Со ова вкупниот број дози за африканскиот континент достигнува 670 милиони.

Институтот Серум масовно произведува дози од вакцината Ковишилд, развиена од фирмата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд за Индија и за земјите во развој.

Според властите од Африканскиот центар за контрола на болести би требало сите вакцини да се достапни до идната година, а потребни ќе бидат 1,5 милијарди дози за да се имунизира 60 отсто од населението на континентот.

Африканската Унија започна одделна иницијатива од механизмот Ковакс, наречена Аватт за да може да набави вакцини за достапна цена. Механизмот Ковакс што треба да им помогне на посиромашните земји да добијат вакцини сѐ уште е функционален и не се очекува да биде пред оваа пролет најрано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски