Афера Викиликс: Исланд ги протера агентите на ФБИ

Од:

Владата на Исланд ги исфрли од својата земја агентите на американското Федерално истражно биро (ФБИ), кои пристигнаа во Рејкјавик за да ги испитаат активностите на Викиликс, откри портпаролот на Викиликс Кристин Храфнсон во едно интервју за TV RUV.

– Агентитe на ФБИ дошле на Исланд со приватен авион. Слетале на аеродромот во Рејкјавик. Според моите информации, кои се многу сигурни, министерот за внатрешни работи Огмундур Јонасон бесно реагирал кога го информирале за нивното доаѓање. Не можел да верува дека влегле во Исланд на таков начин, рече Храфнсон.

Како што рече, исландскиот министер веднаш им наредил на американски агенти да ги спакуваат своите торби, да се вратат во авионот и да го напуштат Исланд.

– Знам дека за тоа се разговаравме подоцна и во исландската влада и дека Исланд испратил протестна нота до САД, вели Храфнсон.

Министерот за внатрешни работи на Исланд ја потврди изјавата на портпаролот на Викиликс. Тој рече дека инцидентот се случил во август 2011 година.

Агентите на ФБИ дошле во Исланд без претходна најава и побарале помош од исландската влада во нивната истрага. Нивното барање било одбиено и им било порачано дека Исланд има своја полиција која може сама да спроведува истраги на нивна територија, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски