Од 16 до 19 февруари во Сингапур се одржува најголемиот саем на воздухопловството во Азија на кој покрај спектакуларните авионски летови за граѓаните и туристите е најавено и склучување на договори за купување на нови авиони чија вредност ќе биде над 3.000 милијарди долари.
Манифестацијата се смета како еден економски и воено најзначаен настан, бидејќи најголемите играчи во сферата на производство на цивилни и воени авиони ќе ги добијат најавите и нарачките за периодот до 2035 година.
Покрај Боинг и Ербас, кои доминираат во производство на патнички авиони, агресивен настап на овој пазар имаат и производителите на воени авиони. САД, Франција и Русија очекуваат најмногу зделки, на високопрофитабилниот пазар, а годинава сериозно се наметнаа и производителите на воени авиони од Јужна Кореја.