Украинскиот правник Сергеј Власенко, адвокат на поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко побарал азил во Чешка, објавија некои медиуми.
Како што неофицијалност се наведува, чешките органи наводно се согласиле да му дадат азил на познатиот правник.
Чешката Република пред една година му додели азил на сопругот на Тимошенко, Олександар.
Неговата сопруга Јулија, е осудена на седум години затвор за злоупотреба на функцијата додека била премиер, во процес кој опозицијата и западните земји го сметаат како политички мотивиран.
Во Чешка азил доби и поранешниот министер за економија во владата на Тимошенко, Бохдан Данилишин.