Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп наведуваат дека прегледот на последните 10 години од неговите даночни пријави не покажуваат „никакви приливи на руски капитал“, со неколку исклучоци.
Адвокатите не ги објавиле копиите од даночните пријави на Трамп, па затоа не постои можност медиумите да ги потврдат таквите заклучоци.
Како што се наведува во извештајот, немало инвестирање на руски капитал во компаниите кои биле сопственост на Трамп, ниту постоел долг од негова страна кон руски инвеститори.
Меѓутоа, откриени се приходи од 2013 година за манифестацијата „Мис Универзум“, која е одржана во Москва и чија сопственост е продадена на еден руски милијардер во 2008 година година за 95 милиони долари.
Белата куќа соопшти дека Трамп побарал од своите адвокати извештај, откако тоа го побарала и републиканската сенаторка Линдзи Грем, која претседава со еден од комитетите кои се занимаваат со истрагата за руско мешање во минатогодишните претседателски избори во САД.