Администрацијата на Бајден одобрува нова метода за инјектирање вакцина против мајмунски сипаници

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да дозволи поинаков метод на инјектирање на вакцината против мајмунски сипаници што користи една петтина од количината на единечна доза, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи високи претставници запознати со тоа прашање.

САД минатата недела прогласија мајмунски сипаници за вонредна состојба за јавното здравје во обид да го засилат одговорот на САД за спречување на епидемија.

За да може американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да ја одобри интрадермалната инекција, за вбризгување една петтина од тековната доза, наместо целосната доза, здравствениот оддел ќе мора да издаде нова декларација, се вели во извештајот.

Објавувањето се очекува веќе денеска попладне, пишува весникот.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден именуваше двајца федерални функционери да го координираат одговорот на неговата администрација за спречуавње на ширењето на мајмунските сипаници откако Калифорнија, Илиноис и Њујорк прогласија вонредна состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска