Абу Даби: Капсули за спиење на аеродром

Од:

Доколку ве мачи џетлег или се надевате дека ќе дремнете додека го чекате својот авион, сосема новите капсули за спиење, што се хит на аеродромот во Абу Даби, ќе ги решат сите ваши проблеми.

Првите 10 капсули со футуристички изглед се сместени на престижниот аеродром под името „Go Sleap“ и имаат за цел на патниците да им понудат максимален комфор, а што е уште поважно и да ги изолираат од врева и да бидат во темница и мир.

Изнајмувањето на ваквата капсула чини 9.5 евра на час, а планот е до крајот на годината уште 35 да добијат свое место на споменатиот аеродром.

Капсулите имаат во себи бежичен интернет и приклучоци за дополнување на енергијата за електричните апарати, како што се лап топ и телефон.

Аеродромот во Абу Даби не е прв што има слични капсули. Претходно вакви капусли беа инсталирани и на лондонски Хитроу.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ