АБС: Се бара наследник на Зеленски

Од:

Некои од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп сакаат да го заменат Володимир Зеленски со поблаг наследник, пишува ABC, повикувајќи се на извор во украинската влада.

„Некои личности во кругот на Трамп сакаат Зеленски да биде заменет со поприспособен наследник кој би имал помала веројатност да ги попречува спорните напори на САД за наметнување мировен договор“, се вели во публикацијата.

Според изворот на ТВ каналот, оваа идеја доаѓа од оние претставници на тимот на Трамп кои проблемот го гледаат лично во главата на режимот во Киев.

„Зеленски лично претставува проблем бидејќи не е доволно флексибилен“, рече изворот.

Тој додаде дека оние соработници на американскиот претседател кои се залагаат за оваа смена не се фокусирани на пронаоѓање на одговорните за конфликтот, туку на проблемот што продолжува да опстојува. Во оваа ситуација, изборите се чини дека се најочигледниот начин да се создадат услови во кои побрзо ќе се дојде до решение со поприспособен партнер во Киев.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина