Абе засилува притисок врз Централната банка

Од:

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави денеска дека може да ја ограничи независноста на Централната банка на Јапонија доколку таа институција не успее да достигне амбициозна цел за инфлацијата.

Абе предупреди дека неуспехот на Банката на Јапонија да исполни цел – двопроцентна инфлација, може да отвори врата за ревизија на законот за централната банка. Премиерот укажа претходно дека може да се промени законот кој гарантира независност на банката ако таа институција не постапи во согласност со неговите препораки за спасување на ослабената економија, а кои се однесуваат на големата потрошувачка и агресивното монетарно олабавување.

Банката на Јапонија се наоѓа под притисок од конзервативната Влада и минатиот месец прифати програма за неограничено купување имоти и постави целно ниво на инфлација, заради извлекување на државата од повеќедецениската дефлација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија