Абе: Северна Кореја истрела четири балистички ракети

Од:

Јапонија изрази „остар протест“ откако Северна Кореја денеска истрела четири балистички ракети во морето во близина на своето источно крајбрежје, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Тој истакна дека три од ракетите паднале во екслклузивната економската зона на Јапонија, што е 200 наутички милји од брегот..

– Тоа е сериозна закана за безбедноста на нашата земја и ние остро ги осудуваме таквите дејствија на Северна Кореја. Истрелувањето ракети е очевидно нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ова е крајно опасна ситуација, нагласи Абе.

Според него, „денешните ракетни истрелувања покажуваат целосно ново ниво на закана“. Абе додаде дека ќе свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски