Абе: Постојат проблеми со СЗО, но Јапонија и натаму ќе ја поддржува нејзината работа

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изрази благодарност до Светската здравствена организација за нејзиното ангажирање во борбата против коронавирусот и најави дека Јапонија и натаму ќе дава финансиска поддршка за работата на организацијата, пренесоа британските медиуми.

На прес конференција Абе изјави дека на лидерите од земјите на Г7 им кажал дека меѓународната заедница собрана околу СЗО мора да соработува во борбата против пандемијата на вирусот.

-СЗО е единствената меѓународна организација која може да одговори на предизвиците од пандемијата и Јапонија ќе понуди силна поддршка за нејзината работа, изјави Абе.

За разлика од Јапонија, САД најавија дека ќе ја суспендираат финансиската поддршка за СЗО. Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини СЗО за лошиот одговор на кризата. Тој и забележа на органазицијата дека не извршила поголем притисок врз Кина да биде потранспарентна кога вирусот се појави.

Оваа изјава на Трамп наиде на остра осуда од некои од замјите на Г7, како и од страна на неговите републикански сојузници во САД.

Абе не сакаше да го критикува Трамп, со кого е во добри односи, но ги повика лидерите на земјите од Г7 да ги разгледаат евентуалните реформи во СЗО.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио