Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди нападот врз синагога во Ерусалим во кој денеска беа убиени четворица Израелци.
– Претседателството го осудува нападот врз еврејските верници…и осудува убиство на цивили без оглед кој тоа го прави, се вели во соопштение од неговиот Кабинет.
Хамас и Исламски џихад претходно го пофалија тој напад.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати осуди до Абас дека поттикнува насилства во Ерусалим. Во нападот беа ранети осум луѓе, а двајцата напаѓачи беа убиени од полицијата. Нетанјаху го свика за попладнево на седница безбедносниот кабинет.