Абас побара меѓународна интервенција за спречување нова војна на Блискиот исток

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска побара итна меѓународна интервенција за да се спречи нова војна на Блискиот исток, пренесе ДПА.

Тој зборуваше по новиот бран насилство меѓу Израелците и Палестинците, од чиј почеток, пред две недели, убиени се најмалку 38 лица – 31 Палестинец и седуммина Израелци.

Во говорот, емитуван на официјалната палестинска телевизија, Абас предупреди дека израелската агресија врз палестинскиот народ, неговата земја и светите места може да испровоцира светска војна.

– Тоа е закана за мирот и стабилноста и може да испровоцира религиозен конфликт, што ќе запали се, не само регионот, туку и целиот свет, рече тој.

Палестинскиот претседател изјави дека ја алармира светската јавност  за итна интервенција, „пред да биде предоцна“.

Тој изјави дека поддржува „мирен народен отпор“ против израелската окупација и дека сака да продолжи „нашата национална борба“, пренесоа француските медиуми.

Абас го потенцира правото на Палестинците да се бранат. Тој ниту еднаш не ги спомена мировните преговори и уште еднаш јасно порача дека не сака да е „заложник на спогодбите (од Осло), кои Израел не ги почитува“.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски