Абас: Палестинците повеќе нема да го почитуваат Договорот од Осло

Од:

Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска најави дека палестинските автономни власти повеќе неможат да се придржуваат до Договорот од Осло, бидејќи Израел продолжува со изградбата на еврејски доселнички населби на окупираните територии.

– Објавуваме дека се додека Израел одбива да ги почитува договорите што ги има потпишано со нас…, ние немаме друг избор, освен да истакнеме дека нема да останеме посветени на спроведувањето на овие договори, се додека Израел постојано ги крши, изјави Абас во обраќањето на Генералното собрание на ОН.

Тој нагласи дека во такви услови палестинските автономни власти немаат обврска да ги почитуваат „своите потписи на овие договори“.

– Израел мора да ја преземе својата одговорност како окупаторска сила, бидејќи состојбата статус кво повеќе не може да продолжи, додаде Абас.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски