Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска предупреди на обидите за насилно раселување на Палестинците надвор од границите на Појасот Газа и рече дека тие ќе останат на својата земја.
– Предупредуваме на обидите за раселување на нашиот народ од Газа надвор од нејзините граници. Нема да заминеме, ќе останеме на нашата земја – изјави Абас за време на мировниот самит во Каиро.
Арапските лидери на самитот го осудија израелското бомбардирање на Газа во изминатите две недели и повикаа на обновени напори за постигнување мировен договор на Блискиот Исток за да се стави крај на децениското насилство меѓу Израелците и Палестинците.