„Историска“ средба на палестинскиот претседател и лидерот на Хамас во Алжир

Од:

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун организираше „историска” средба на палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас, Исмаил Ханије, објави алжирската национална телевизија.

На средбата организирана после неколкугодишен период на заладени односи присуствуваа и претставници и на палестинската управа и на движењето Хамас.

Абас и Ханије се во Алжир за да присуствуваат на прославите по повод 60-годишнината од независноста на северноафриканската држава.

Хамас и партијата Фатах на Махмуд Абас се во судир од 2007 година, кога исламистите по крвави судири ја презедоа контролата врз Газа.

Палестинската управа со доминација на Фатах раководи со окупираниот Западен Брег каде живеат повеќе од 2,8 милиони Палестинци, додека Појасот Газа, микро-територија од 2,3 милиони луѓе под израелска блокада, е под контрола на Хамас.

Откако го прими Абас во Алжир во декември 2021 година, Тебуне покрена иницијатива за помирување меѓу Фатах и Хамас, но тоа не резултираше со зближување меѓу двете ривалски групи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Израел: Го убивме командантот на ракетната единица Хамас

САД трипати ставија вето на одлуката за примирје во Газа, сега бараат прекин на огнот

Катерина Ѓуровски

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Хамас предупредува дека ќе стави крај на преговорите поради смртта на 104 Палестинци

(ВИДЕО) Ќе има примирје во Газа за Рамазан најави Бајден

Катерина Ѓуровски