Абас именуваше премиер на владата за национално единство со Хамас

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го именуваше за премиер Рами Хамдалах, кој ќе ја предводи владата за национално единство, но не го објави нејзиниот состав, како што беше најавено, бидејќи се уште нема договор кој ќе биде министер за надворешни работи.

– Владата е подготвена, но постои само еден проблем, а тоа е Фатах и Хамас одбиваат Ријад ал Малки да биде шеф на дипломатијата, на што Абас инсистира, изјави висок палестински функционер.

Малки е диполомат ветеран, а министер за надворешни работи е од 2007 година. Извори блиски на Хамас наведуваат дела оваа исламистичка организација сака оваа функција да му биде дадена на Зијад Абу Амер, еден од вицепремиерите.

Хамас и ПЛО, каде доминантно е движењето Фатах, неочекувано на 23 април потпишаа договор за помирување, со што ставија крај на седум годишното жестоко и крваво ривалство.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти