Абас и Нетанјуаху разговараа за нападот во близина на џамијата Ал-Акса

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаа телефонски разговор по денешниот напад врз израелската полиција во Ерусалим во близина на познатите свети места.

Во нападот беа убиени двајца полицајца, а еден е ранет. Израелската полиција при инцидентот ги уби тројцата напаѓачи.

– Абас остро го осуди инцидентот во близината на џамијата Ал-Акса и отфрли секакво насилство, посебно на местата за молитви, соопштија палестински извори.

Од друга страна, Нетанјаху повикал на смирување на ситуацијата.

Израел, исто така, потврди дека имало телефонски разговор меѓу двајцата лидери и дека Абас го осудил нападот.

– Премиерот Нетанјаху рече дека Израел ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги обезбеди светите места без промена во статусот кво, се наведува во изјавата од неговиот кабинет.

Тројца Палестинци утринава нападнаа израелски полицајци при што убија двајца од нив, а третиот го ранија, пред да бидат ликвидирани од безбедносните сили.

Ова е еден од најсериозните инциденти во последно време и тоа особено додека траат напорите за постигнување конечен мировен договор.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски