Хилари Клинтон: Иран се повеќе се меша во граѓанската војна во Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон предупреди дека Иран се повеќе меша во граѓанската војна во Сирија, со што се зголемува заканата за поширок регионален конфликт.

Но прошталната средба со новинарите, акредитирани во Стејт депртманетот Клинтон рече дека Техеран испраќа персонал и воени доставки до режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и оти дејствува против сириските бунтовници, преку својот сојузник шиитската либанска групација Хезболах.

– Иранците активно се вмешани уште од самиот почеток на конфликтот. По се изгледа дека нивното мешање се проширува, што мошне не загрижува, рече Клинтон, која денеска му ја отстапува должноста на Џон Кери.

Таа упати критика до Русија поради континуираната финансиска и воена поддршка на режимот на Асад.

– Русите не се пасивни набљудувачи во поддршката на Асад. Тие играат многу поактивна улога на неколку фронта. Заштитата на Асад во Советот за безбедност на Обединетите нации е највидливиот дел од таа улога, но тие го помагаат режимот и со други средства, додаде таа.

Хилари Клинтон потврди дека заменик-претседателот Џо Бајден ќе разговара за Сирија со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во сабота на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен.

Таа изрази надеж дека Русите ќе ги променат своите ставови и оти ќе станат поотворени за меѓународно решение на сирискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени