85 повредени при пад на авион во Мексико

Од:

Околу 85 лица се повредени синоќа при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дураго.

Во време на несреќата во авионот од типот „Ембраер 190“ се наоѓале 97 патници и четворица членови на екипажот.

Гувернерот на Дураго, Хозе Росас Аиспуро информира дека по несреќата биле хоспитализирани 49 лица од авионот, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Според Аиспуро, во време на несреќата во реонот паѓал силен град и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот.

Претставник на аеродромот во Дуранго исто така ги посочи лошите временски услови како причина за уривањето на авионот.

По падот авионот се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат.

Авионот бил на лет од Дуранго кон Мексико Сити.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори