Две третини од луѓето во работна возраст во Европската унија навеле во 2011 година дека знаат странски јазик, се вели во податоци на Евростат.
Во 2011 година 83 отсто од учениците во основното и 94 отсто од учениците во средно го изучувале англискиот како странски јазик.
Втор најизучуван јазик во основно и средно образование е францускиот – соодветно 19 и 23 отсто од учениците во двете категории. Следува германскиот јазик (9 и 21 отсто) и шпанскиот 6 и 18 отсто.