Еден 66-годишен Виетнамец цел живот верувал дека е маж, но бил непријатно изненаден кога по посета на лекар во Хонг Конг поради отечен стомак дознал дека е жена.
Лекарите констатирале дека пациентот е женско бидејќи откриле дека како причина за отечениот стомак е циста на јајникот, наведува магазинот „Хонгконг медицински журнал“.
Ваквата состојба е резултата на две ретки генетски нарушувања. Пациентот има Тарнеров синдром што е карактеристичен за девојчињата и жените и резултира со проблеми на хромозомите, неплодност и низок раст, но и конгенитална адреналинска хиперплазија што подразбира зголемен број машки хормони, поради кои пациентот што има брада и „микропенис“ изгледа како маж.
– Да немаше голема циста на јајникот можеби никогаш немаше да дознаеме за неговата медицинска состојба, наведуваат седум лекари од две градски болници, кои се автори на студијата.
Пациентот со висина од 1,37 метри пораснал како сирак, нема тестиси и престанал да расне по пубертетот.
Лекарите истакнуваат дека во медицинската литература постојат само шест случаи на вакво генетско нарушување. Тој е роден во Виетнам.
Пациентот одлучил и понатаму да се претставува како маж и можно е да бара замена на тестостеронот, навдува магазинот.