61 загинат во серија напади во Ирак

Од:

Бран бомбашки напади денеска го потресоа централниот северен дел на Ирак, во кој беа убиени 61 лице, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на полициски и медицински извори.

Најсмртоносниот напад беше изведен во провинцијата Диала, каде три автомобили со експлозиви експлодираа речиси истовремено во близина на зелен пазар во градот Џидајдат ал Шат.

Во нападите загинаа 15 лица, а 46 се ранети. Рано попладнето автомобил бомба експлодира крај пазар за риба во багдадското предградие Таџи, убивајќи седум лица и ранувајќи 25.

Во градот Туз Хормато автомобил бомба експлодира пред зајдисонце во близина на пазар, во кој загинаа три лица, а 22 беа ранети. Вечерва во градот Мосул во серија експлодираа неколку автомобили со експлозиви, убивајќи 29 лица и ранувајќи десетици други.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но вакви усогласени напади со автомобили бомби често изведува ирачката келија на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија