600 метарски тунел за криумчарење под мексиканската граница пронајден од американската полиција

Од:

Американските полиција откри 600 метарски тунел за криумчарење под мексиканската граница, во близина на градот Сан Диего, запленувајќи дрога во вредност од околу 30 милиони долари, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на САД за имиграција и гранична полиција.

Објектот е откриен како резултат на заедничката операција на мексиканските и американските служби.

Влезовите во тунелот се наоѓаат на просторот на два магацина, едниот лоциран во американскиот град Сан Диего и другиот во мексиканскиот град Тихуана.

Според експерти, тунелот се користел неколку месеци и бил добро опремен.

Некои делови од ѕидовите биле зајакнати, а внатре се користел систем за вентилација и осветлување, а постојат и шини.

Во тунелот се пронајдени речиси 590 килограми кокаин, 39 килограми метамфетамин, речиси осум килограми хероин, над 1,3 тони марихуана и околу еден килограм фентанил.

„Тоа е прв случај во историјата на Сан Диего, кога во тунел се откриени пет различни видови наркотици. Вкупното количество на запленета дрога се проценува на 29,5 милиони долари“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД