60 убиени при напад врз полициски центар за обука во Пакистан

Од:

Најмалку 60 лица се убиени, а над 120 – повредени при напад врз полициска школа крај градот Куета, главен град на провинцијата Белуџистан во Северозападен Пакистан, соопшти претставник на локалната полиција, пренесува ДПА.

Меѓу повредените има доктори и припадници на безбедносните сили.

Министерот за внатрешни работи на провинцијата Белуџистан Сарфараз Бугти утрово рече дека операцијата за чистење на полициската школа од напаѓачите е завршена.

Нападот е извршен од тројца вооружени напаѓачи-самоубијци, изјави Бугти. Напаѓачите, кои носеле елеци со експлозиви, се мртви

– Двајца од напаѓачите-самоубијци се саморазнесоа, предизвикувајќи жртви, а третиот беше убиен од нашите војници, рече генерал-мајор Шер Афган во соопштението објавено во весникот „Дон“.

Според него, зад нападот стои пакистанската сунитска терористичка група „Лашкар е Џангви ал Алми”.

Напаѓачите зеле 250 лица за заложници, кои после прочистувањето на центарот биле ослободени, додаде Афган.

Истото полициско училиште, во кое се школуваат над 700 курсисти, беше нападнато во 2006 и во 2008 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица