60 цивили киднапирани од талибанците во Авганистан

Од:

Авганистанските талибанци киднапираа околу 60 цивили во централната провинција Даикунди во текот на изминатата недела, соопштија локалните власти.

Цивилите биле земени како заложници откако една жена избегала од село во соседна провинција, кое било под контрола на талибанците.

Од тогаш ослободени се околу 20 киднапирани лица, вклучувајќи жени и деца, а еден портпарол на талибанците негираше дека исламистичкото движење стои зад киднапирањата.

И покрај договорот за повлекување на трупите, потпишан меѓу талибанците и САД во февруари, насилството во Авганистан е во пораст и киднапирањето ги отежнува напорите за започнување мировни преговори меѓу талибанците и владата во Кабул.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан