Првиот iPhone е преставен пред своите идни корисници на 29 јуни 2007 година. Од тогаш „Епл“ продаде 250 милиони примероци и заработи вкупен промет од 150 милијарди долари.
Нил Мостон од „Strategy Analytics“ кои го спроведоа истражувањете за ефикасноста на овој производ, вели дека iPhone „беше силен генератор на пари на „Apple“, но тој не е повеќе сигурен дали и во иднина ќе биде така.
Иако многу луѓе предвидоа неуспех и лоша продажба, iPhone за многу кратко време стана посакуван предмет за сите корисници.
Широката палета на апликациите го направи интересен и за студнетите и за деловните луѓе и за пензионерите.
Бројката од 250 милиони продадени примероци вклучува продажба на iPhone, 3G, 3GS, 4, 4S.