48 лица загинаа при исламистички напад во туристички град во Кенија

Од:

Најмалку 48 луѓе се убиени при вооружен напад во познатиот крајбрежен град Мпекетони во Кенија.

Околу 50 вооружени лица влегле синоќа во градот со два помали камиона, отвориле оган и запалиле два хотела, соопшто кениското Минитерство за внатрешни работи.

Инцидентот се случил додека локални жители гледале натпревар од Светското првенство во фудбал во баровите на двата хотела.

Шефот на полицијата Дејвид Кимајо нагласи дека вооружените лица нападнале, исто така, банка и се обиделе да преземат полициска станица, но биле спречени.

Црвениот крст соопшти дека има свои претставници на местото на инцидентот и предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Властите ја обвинија за нападот сомалиската група Аш Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Мпекетони е мало место каде престојуваат само помал број на странци, кои доаѓаат во посета на регионот, а се наоѓа на 100 километри од границата со Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“