41 мигрант се удави во близина на брегот на Тунис

Од:

Четириесет и еден мигрант го загуби животот во потонување на брод крај брегот на Тунис, соопшти синоќа ООН. Три лица се спасени.

Потонувањето на бродот и смртта на мигрантите се случија во четвртокот навечер, во близина на крајбрежниот град Сфакс, соопштија Меѓународната организација за миграција и Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР).

Претходните информации зборуваа за 20 загинати мигранти од субсахарска Африка, кои се удавија. Жена и бебе биле меѓу жртвите.

Најмалку 39 мигранти минатиот месец загинаа кога два брода потонаа во близина на Сфакс. Додека во јуни минатата година, при потонување на брод на истата локација загинаа најмалку 60 мигранти.

Тунис е една од рутите на мигрантите, кои преку Средоземно Море се обидуваат да пристигнат до италијанскиот остров Лампедуза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година