Руско семејство 40 години живеело во дивината на Сибирската тајга. Си го создало својот дом на преку 250 километри оддалеченост од секое човечко живеалиште во суровата убавина на непристапните предели. Го откриле советски геолози при истражување на Сибир, во 1978 година за време на авионско снимање. Семејството, кое тогаш броело пет члена, живеело изолирано во тајгата без каков било контакт со остатокот од светот.
Од 1988 година, кога го погребала татко си во осамената колиба живее уште само Агафија Ликов, последната сибирска осаменичка.
– Ќе даде господ ќе останам овде, им изјавила тогаш на геолозите кои повремено ја посетувале и кои и помогнале да го погребе татко и. И навистина тоа и се случи. Денес по 25 години Агафија веќе се ближи кон својата 70-та година и се уште живее потполно сама во тајгата, се вели во текстот објавен на веб страницата на Институтот Смитсониан.
Во излоацијата во која живееле, на семејството Ликови им се измолкнало дека во меѓувреме се одиграла Втората светска војна, но на достигнувањата на современиот свет кога им биле претставени не реагирале со претерано чудење. Одбивале да поверуваат дека човекот стапнал на Месечината, но идејата за сателитите им била блиска бидејќи веќе и самите воочиле „ѕвезди кои брзо се движат“. Карп Ликов, таткото на семејството заклучил дека „луѓето нешто измислиле и пратиле на небото оган кој многу наликува на ѕвездите“.
Семејството припаѓало на фундаменталистичката православна секта на староверци, која во 17 век одбивала да ја прифати реформата на црквата и секој напредок и оттогаш е постојано изложена на прогон. Поради тоа се повлекувале во оддалечените краеви. Репресијата за време на болшевизмот се засилила, така што веќе ни во зафрлените села не биле безбедни.
Кога во 1936 година е убиен брат му, кој со него работел на поле Карп Ликов го собрал семејството и се повлекол длабоко во шумата. Со него тогаш биле Акулина синот Савин (9) и ќерката Наталија (2). Семејството со себе понело нешто малку семиња и основна покуќнина. Во тајгата изградиле примитивна дрвена колиба и тука се родиле уште две деца Дмитри (1940) и Агафија (1943), кои до 1978 година не виделе личност која не причаѓа на нивното семејство.
За надворешниот свет знаеле само од приказните на родители, а главна забава на семејството се состоела во тоа што едни на други си ги прераскажувале своите сонови. Во времето кога воспоставиле контакт со надворешниот свет Ликови веќе останале без мајката Акулина, која починала во 1961 година, а набрзо после првиот контакт со туѓинци, на оној свет заминале уште три члена на семејството – Савин, Наталија и Дмитри.
Смртта на првите двајца не може да се припише на контактите со туѓинците, бидејќи починале поради откажување на бубрезите, најверојатно предизвикано од едноличната исхрана. Но, Дмитри починал од воспаление на белите дробови предизвикана, можеби од вирус пренесен од дојденците.
Во првиот контакт научниците на Ликови им понудиле леб, џем, бисквити и други намирници, но тие, главно сето тоа плашливо го одбиле одговорајќи дека тоа им е „забрането“, а единствен подарок што го прифатиле била солта. На прашањето дали некогаш јаделе леб, таткото одговорил дека тој јадел, но дека неговите деца никогаш не пробале. Храната им се состоела главно од компир помешан со мелен рж и конопено семе со сезонски додатоци како диви бобинки, трева, корења и млади фиданки. Во близината на колибата течел бистар поток, така што питка вода имале во изобилство, а повремено во замки ловеле и животни во што особено станал вешт Дмитри.
Без оглед на сето ова тие постојано живееле на работ на гладта, особено ако зимите биле јаки или ако раниот мраз им ја уништел и онака оскудната летнина. Младите од приказните на граѓаните знаеле дека постојат високи згради и друиги земји освен Русија, а мајка им ги научила да читаат и пишуваат со помош на молитвеникот и библијата единствени книги кои ги поседувале.
Со себе понеле предено и примитивен разбој, така што од конопот што го одгледувале изработувале облека. Останатите предмети за домаќинство бидејќи оние што првично ги донеле веќе ги потрошиле ги изработувале од дрво и брезова кора од која плетеле и примитивни опинци.
Со оглед дека овие материјали не поднесуваат контакт со оган, а немале друг начин да ги заменат металните предмети, имале прилично потешкотии околу подготовката на храната.
И покрај тоа членовите на ова необично семејство се покажале мошне досетливи во обезбедување на основните услови за живот со оскудните средства кои им стоеле на располагање, биле интелегентни иако говореле старински и тешко разбирлив јазик. ва/са/12:09