37 лица загинаа и 850 се повредени во земјотресот во Иран

Од:

Спасувачките служби ги продолжија денеска операциите, откако извлекоа 20 лица од под урнатините во земјотресот кој вчера го погоди Иран и во кој според најновиот биланс загинале 37 лица, а 850 се повредени.

Потресот, со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, не ја оштети нуклеарната централа во Бушер и не е евидентирано истекување на нукеларни материи.

Најмалку 20 лица се извлечени од под урнатините, а околу 700 куќи се уништени.

Црвената полумесечина соопшти дека се поставени околу илјада шатори во областите погодени од земјотресот.

Епицентарот на земјотресот бил со длабочина од 12 километри во областа Каки, соопшти иранскиот Сеизмолошки центар.

Во Иран е прогласена тридневна жалост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради