300 тони радиоактивна вода истекоа од нуклеарката Фукушима

Од:

Јапонската енергетска компанија ТЕПКО, која управува со оштетената нуклеарна централа „Фукушима“ соопшти дека истекле нови 300 тони радиоактивна вода.

Токио електрик пауер компани (ТЕПКО) денеска соопшти дека контаминираната вода истекла од челичен резервоар за складирање во оштетената централа „Фукушима 1“.
Радиоактивната вода во најголем дел била апсорбирана од земјата, а остатокот работниците го испумпуваат во друг резервоар.

Нуклераната централа беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито во март 2011 година, што предизвикаа прекин на системот за ладење и растопување на нуклеарниот реактор. Работниците подолго време работат на запирање на радиоактивната вода која истекува веќе подолг период од централата во морето.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија