300 луѓе се водат како исчезнати по пожар во бегалски камп за Рохинџи во Бангладеш

Од:

Околу 300 бегалци Рохинџи се уште се водат како исчезнати по големиот пожар што минатата недела го зафати најголемиот камп за бегалци во Бангладеш, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

-Многу семејства се уште не се составени, рече портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечиќ, на прес-конференција, додавајќи дека досега официјално е пријавена само смртта на 11 бегалци, пренесуваат британските медиуми.

Минатиот понеделник пожарот се прошири низ преполниот камп во областа Кокс Базар, во југоисточен Бангладеш, принудувајќи околу 45.000 луѓе да ги напуштат своите трошни колиби.

Обединетите нации го опишуваат муслиманското малцинство Рохинџа од Мјанмар како едни од најпрогонуваните луѓе во светот.

Според Амнести Интернешнл, повеќе од 750.000 Рохинџи во 2017 гофина побегнаа во Бангладеш поради репресивните акции на војската на Мјанмар.

Во извештајот на Меѓународната агенција за развој на Онтарио (ОИДА) се наведува дека во тој период биле убиени близу 24.000 муслимани Рохинџи, но, исто така, и дека повеќе од 34.000 членови на таа заедница биле изгорени на клади.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници