30 милиони долари ќе добие оној, кој ќе открие што се случи со авионот МХ17

Од:

Германската компанија за истражување измами во осигурување „Wifka“, понуди 30 милиони долари за информации поврзани со уривање на малезискиот авион во Украина.

Оваа компанија, која ја ангажирал за сега непознат клиент истражува кој го урнал авионот МХ17, кој издал наредба, кој ги прикрива доказите, кој е директно одговорен, што се случило со војниците кои пукале директно на авионот и имињата на луѓето кои биле задолжени за прикривање на целиот случај.

Од компанијата велат дека лицето кое ќе даде несобориви докази за идентификување на виновниците, ќе добие награда од 30 милиони долари и нов идентитет.

Агенцијата препорачува заинтересираните да бидат претпазливи и да ги контактираат преку адвокат.

-По несреќата сите политички партии во државата и странство изјавија дека треба да се разрешат околностите за падот, но тоа се уште не се случи, објави германската компанија.

Инаку малезискиот авион кој сообраќаше од Амстердам кон Куала Лумпур беше соборен на 17-ти јули над Украина, на територија каде што трае воениот судир помеѓу проруските и украинските сили, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Наградата која ја понуди „Wifka“ е поголема од онаа која своевремено беше понудена за лоцирање на терористот Осама бин Ладен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер