30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Од:

УНИЦЕФ предупреди дека се повеќе деца мигранти се обидуваат да ја преминат опасна по живот зона на Панамскиот теснец меѓу Централна и Јужна Америка. Теснецот е составен од планини, мочуришта и џунгли, а нема патишта или сили за ред и мир.

Во средата во Панама Сити, УНИЦЕФ го претстави извештајот кој покажа дека во првите четири месеци од оваа година, повеќе од 30.000 малолетници тргнале на патување од околу 100 километри северно низ просторот што ја дели Панама од Колумбија.

Тоа е за 40 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Околу 2.000 деца се без придружба.

Според УНИЦЕФ, детската миграција низ Панамскиот теснец веројатно ќе забележи рекорден број петти пат по ред оваа година.

„Теснецот на Панама не е место за деца“, рече заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан.

„Многу деца загинаа на тоа напорно, опасно патување.

Оние кои преживеале пристигнуваат на својата дестинација болни, гладни, дехидрирани и често повредени. Некои деца дури се раѓаат од мајки во џунглата под многу тешки услови.

Меѓународниот Црвен крст го опишува патувањето низ џунглата, кое, според хуманитарната организација Лекари без граници, трае од 3 до 15 дена, како еден од најопасните миграциски рути во светот.

Оние кои го завршуваат често се физички и психички трауматизирани. Мигрантите не се само изложени на опасностите од дивата природа. Тие, исто така, често се жртви на насилство од криминални групи и сексуални напади.

Над половина милион луѓе ја поминаа таа рута минатата година, вклучувајќи 113.000 деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on