25.000 Талибанци се најдоа на ирански отстрел, се бараат британски шпиони меѓу нив

Од:

Лидерите на Иранската револуционерна гарда побараа од талибанците пристап до објавениот список на Авганистанци кои ѝ помогнале на Британија за да можат да ги пронајдат шпионите на МИ-6.

Режимот во Техеран се надева дека ќе го истражи списокот од речиси 25.000 Авганистанци кои работеле со британските сили.

Таканаречениот „список на убиства“ ги содржи имињата на Авганистанци кои побарале азил, вклучувајќи војници кои работеле со британската војска, разузнавачките служби и специјалните сили. Се верува дека некои потоа избегале во Иран.

Како знак дека двете страни веќе соработуваат, барем еден Авганистанец чие име наводно било на списокот е депортиран од Иран во Кабул во последните неколку дена.

Висок ирански функционер во Техеран потврди дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда официјално побарал од владата на талибанците да го сподели објавениот список.

Како што дознава Телеграф, раководството на Талибанците во Кандахар им наредило на офицерите во Кабул да уапсат што е можно повеќе луѓе од објавениот список со цел да ги искористат како лост за вршење дипломатски притисок врз Лондон.

Базата на податоци случајно беше објавена во февруари 2022 година кога Кралска морнарица го испратила целиот фајл по е-пошта до авганистанските контакти во Велика Британија, наместо да испрати мал извадок.

Табелата ги содржела имињата, телефонските броеви и е-адресите на авганистанските војници, владини претставници и членови на семејствата кои аплицирале за преселување во Велика Британија според Политиката за преселување и помош во Авганистан по повлекувањето на западните сили во 2021 година.

Списокот, исто така, ги вклучувал идентитетите на повеќе од 100 британски специјални оперативци на МИ6 кои гарантирале за авганистанските кандидати.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите