22 лица загинаа во израелски напади во Газа

Од:

Цивилната одбрана на Појасот Газа денес соопшти дека 22 лица, меѓу кои и шест деца, се убиени во израелските воздушни напади врз палестинската територија уништена од војната што трае од октомври 2023 година.

Новите израелски воздушни напади ги погодија јужните и централните делови на Појасот Газа, како и две области на север, вклучувајќи го и бегалскиот камп на периферијата на градот Газа, изјави за АФП портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Израелската војска подоцна соопшти дека ги истражува околностите на нападите.

Од почетокот на војната, 57.680 лица се убиени на палестинска страна, според бројките на Министерството за здравство во Појасот Газа контролиран од Хамас, кои ОН ги смета за веродостојни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети